Оптика „Стил“ е нов специјализиран салон во градот, кој нуди широк асортиман на светски познати брендови на очила за вид и очила за сонце. Се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“ на приземје.
Оптика „Стил“ покрај продажба, врши монтажа и сервисирање на диоптриски очила, како и продажба и сервисирање на сончеви очила.
„Ние сме тука за сите на кои им е потребна нашата помош при избор на рамки, стакла и совети. Диоптриските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се истовремено практични и модерни. Што се однесува до очилата за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб“, – велат сопствениците на оптика „Стил“.
Од оптика „Стил“ ве повикуваат да ги посетите во новиот салон и да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорната и брза услуга, по најниски цени во градот. Станува збор за внимателно одбраните производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката, кои никого не оставаат рамнодушен.
Гледајте го светот со квалитени очила од оптика „Стил“.
Информации на тел. 075/ 910 830.